Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 16.01.2007
среда, 17 јануари 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 16.01.2007 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на 40 сопствени обични акции по цена од 7.052 денари за една акција, преку 1 трансакција;
На 16.01.2007 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 10 сопствени обични акции по цена од 2.938 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 16.01.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Макпетрол АД Скопје – 42 обични акции,
- Гранит АД Скопје – 628 обични акции.