Јавна понуда на акции од осмата емисија на Охридска банка АД Охрид
понеделник, 17 јануари 2005
Согласно Решението на Комисијата за хартии од вредност од 28.12.2004 година, Охридска банка АД Охрид објавува јавна понуда за запишување и купување на акции од осмата емисија на акции на банката.
Вкупниот број на акции од осмата емисија изнесува 15.000 обични акции со право на глас, со номинална вредност на една акција од 2.650 денари. Вкупниот обем на емисијата изнесува 39.750.000 денари.
Рокот за запишување на акциите е 6 месеци од денот на добивањето на Одобрението за издавање на хартии од вредност од Комисијата за хартии од вредност. Запишувањето на акциите ќе се врши во седиштето на банката.
Акциите се нудат по цена од 2.650 денари за акција.