Известување од Европа АД Скопје
четврток, 16 септември 2004
Европа АД Скопје известува дека во одделот за бонбони на фабриката е извршена имплементација на ХАЦЦП системот за безбедност на храна.
На 15.09.2004 година претставник на данската консултантска куќа ИФЕГ го предал цертификатот на Европа АД Скопје. Планирано е во наредниот период ХАЦЦП системот да се воведе во уште три погони.
Вкупната инвестиција за воведување на овој стандард изнесува 70.000 евра.