Одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Отекс АД Охрид
понеделник, 16 јули 2007
Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 13.07.2007 година донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Отекс АД Охрид, поради неисполнување на постојаните обврски од Правилата за котација.
Акциите на Отекс АД Охрид се исклучуваат од котација на Официјалниот пазар на Македонската берза на 18.07.2007 година, од кога со овие акции ќе може да се тргува на Редовниот пазар на Македонската берза.