Редовна ревизија на индексите МБИ10 и ОМБ
четврток, 16 јуни 2016
На 15.06.2016 година Комисијата за берзански индекс изврши редовна ревизија на индексите МБИ10 и ОМБ.
 
Согласно Методологијата за пресметување на индексот МБИ10, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на индексот МБИ10 ќе бидат обичните акции издадени од: Комерцијална банка АД Скопје, Гранит АД Скопје, Алкалоид АД Скопје, Стопанска банка АД Битола, Макпетрол АД Скопје, Македонијатурист АД Скопје, Реплек АД Скопје, Македонски Телеком АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје и Стопанска банка АД Скопје.
 
Согласно Методологијата за пресметување на Индексот на обврзници на Македонската Берза ОМБ, Комисијата за берзански индекс определи дека следните обврзници ќе бидат елементи на ОМБ: Обврзниците за денационализација-Седма емисија (RMDEN07), Обврзниците за денационализација-Осма емисија (RMDEN08), Обврзниците за денационализација-Деветта емисија (RMDEN09), Обврзниците за денационализација-Десетта емисија (RMDEN10), Обврзниците за денационализација-Единаесетта емисија (RMDEN11) и Обврзниците за денационализација-Дванаесетта емисија (RMDEN12), Обврзниците за денационализација-Тринаесетта емисија (RMDEN13) и Обврзниците за денационализација-Четиринаесетта емисија (RMDEN14).
 
Датум на имплементација на извршената ревизија, односно датумот од кој ќе отпочне да се пресметуваат индексите по новиот состав е 30.06.2016 година.
 
Следната редовна ревизија на индексите е на 15.12.2016 година.