На 16.06.2008 година Комисијата за берзански индекс изврши редовна ревизија на индексот МБИ10 и на индексот МБИД.
Согласно Методологијата за пресметување на МБИ10, Комисијата за берзански индекс констатираше дека од вторник, 17.06.2008 година, елементи на индексот МБИ10 ќе бидат обичните акции издадени од: Комерцијална банка АД Скопје, Гранит АД Скопје, Алкалоид АД Скопје, Макстил АД Скопје, Стопанска банка АД Битола, Макпетрол АД Скопје, Топлификација АД Скопје, Бетон АД Скопје, Охридска Банка АД Охрид и ЗК Пелагонија АД Битола.
Следната редовна ревизија на МБИ10 е на 15.12.2008 година.
Согласно Методологијата за пресметување на индекс на јавно поседувани друштва - МБИД, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на МБИД ќе бидат обичните акции издадени од следните акционерски друштва: Македонски телеком АД Скопје, Тутунска Банка АД Скопје, Арцелормиттал Скопје (ХРМ) АД Скопје, Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) АД Скопје, ОКТА АД Скопје, Фабрика за цевки 11 Октомври АД Куманово, Стопанска банка АД Скопје, Прилепска пиварница АД Прилеп, Кјуби Македонија АД Скопје, Попова Кула АД Демир Капија, ИЦН Фарм АД Скопје, УНИ Банка АД Скопје и Адинг АД Скопје.
Тринаесетте избрани акции-елементи на МБИД сочинуваат над 86% од вкупниот промет на Пазарот на јавно поседувани друштва во изминатиот квартал.
Следната редовна ревизија на МБИД е на 15.09.2008 година.