Откуп на сопствени акции на котирани друштва на 15.06.2006
петок, 16 јуни 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 15.06.2006 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 262 сопствени обични акции по цена од 39 денари за една акција, преку 2 трансакции;
На 15.06.2006 година Реплек АД Скопје изврши откуп на 1.216 сопствени обични акции по цена од 30.000 денари за една акција, преку 1 блок трансакција;