Редовна ревизија на МБИ - 10
четврток, 16 јуни 2005
Согласно Методологијата за пресметување на Македонскиот Берзански Индекс МБИ-10, Комисијата за берзански индекс на 15.06.2005 година ја изврши првата редовна ревизија на МБИ-10.
Комисијата установи дека според критериумите во Методологијата, како елементи на МБИ-10 и понатаму остануваат обичните акции на следните 10 котирани друштва, кои и досега беа елементи на МБИ-10: Алкалоид АД Скопје, Топлификација АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, Макпетрол АД Скопје, Скопски пазар АД Скопје, Стопанска банка АД Битола, Гранит АД Скопје, Македонијатурист АД Скопје, Европа АД Скопје, и Охридска банка АД Охрид.
Следната редовна ревизија на МБИ-10 ќе се изврши на 15.12.2005 година.