Известување од РЖ Институт АД Скопје
четврток, 16 јуни 2005
РЖ Институт АД Скопје известува дека на Акционерското Собрание одржано на ден 25.05.2005 година донесени се следниве поважни одлуки: -Одлука за употреба на нето добивката: издвојување на 15% од нето добивката за законските резерви во износ од: 2.879.639,00 денари, остатокот од 16.317.952 денари се издвојува како нераспределена добивка која ќе биде наменета за инвестиции. -Одлука за разрешување на одборот на директори: на местото на Камев Томислав е именуван Киро Нелков. За независни членови на Одборот на директори се избрани: Угриновски Бошко и Мино Дамјановски.