Успешна понудата за откуп на обични акции на Винарска визба Тиквеш АД Кавадарци од страна на М-6 Светлана и останати ДОО Скопје
среда, 16 јуни 2004
Комисијата за хартии од вредност на 14.06.2004 година донела Решение со кое се утврдува за успешна понудата за откуп на обичните акции издадени од Винарска визба Тиквеш АД Кавадарци дадена од М-6 Светлана и останати ДОО скопје.
Комисијата била известена дека во утврдениот рок понудата за откуп на 64.667 обични акции на Винарска визба Тиквеш АД Кавадарци ја прифатиле 114 сопственици на акции, кои поседуваат вкупно 10.856 обични акции на Друштвото. Со тоа, М-6 ДОО Скопје, заедно со претходните 127.274 обични акции, сега поседува вкупно 138.130 акции на Винарска визба Тиквеш АД Кавадарци.