Ревидиран извештај за 2003 година на ГД Тиквеш АД Кавадарци
среда, 16 јуни 2004
ГД Тиквеш АД Кавадарци до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило загуба во износ од 24.260.000 денари. Вкупната актива на ГД Тиквеш АД Кавадарци на 31.12.2003 година изнесува 317.433.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 39.469.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на ГД Тиквеш АД Кавадарци може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.