Внесување на издавачот А.Д. за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје - Виена Иншуренс Груп на „Листата за набљудување“
вторник, 16 мај 2023

Ве известуваме дека на 16.05.2023 година донесен е заклучок за внесување на издавачот Акционерско друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје - Виена Иншуренс Груп на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.

Внесување на друштвото Акционерско друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје - Виена Иншуренс Груп на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради објава за отпочнување на постапка за спроведување на статусни промени на издавачот - присоединување.