Македонската берза ја информира јавноста дека од денес, 16 мај 2011 година овластените дистрибутери на информации (data vendors) ќе можат да пристапат до податоците од тргување на Берзата преку т.н. FIX PROTOCOL.
Како што е познато, минатата година Македонската берза воведе нова верзија на системот за тргување со многу технички и функционални новини. Новата верзија е базирана на т.н. FIX PROTOCOL што претставува стандардизиран протокол за размена на пакети на информации што се применува од страна на голем број на финансиски институции и којшто овозможува лесен пристап до други финансиски информациони системи.
Пристап преку FIX PROTOCOL за овластените дистрибутери на информации
понеделник, 16 мај 2011