Одлука за откуп на сопствени акции на Охридска Банка АД Охрид
петок, 16 мај 2003
-Охридска Банка АД Охрид во текот на 2003 година може да откупи до 5.660 сопствени акции што претставува 2,5% од вкупните акции на банката во износ од 15.000.000,00 денари;
-најниската цена за купување на сопствените акции се утврдува на 1.600,00 денари за една акција, а највисоката цена се утврдува на 2.905,00 денари за една акција.
-Сопствените акции, Охридска Банка АД Охрид ќе ги откупува на начин и постапка предвидена со одредбите од Законот за хартии од вредност, на товар на средствата од добивката или од посебните резерви, утврдени со последната Годишна сметка.