Алкалоид АД Скопје откупи 30.310 сопствени акции
петок, 16 мај 2003
Согласно Одлуката за откуп на сопствени акции бр.0201-11 донесена на седница на Собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје на 30.04.2003 година, акционерското друштво во изминатата недела на 12.05.2003, 13.05.2003 и 14.05.2003 година, преку четири блок трансакции кои беа објавени на Бест системот на Македонската берза АД Скопје, изврши откуп на сопствени акции во вкупен износ од 30.310 обични акции, односно 2,3% од основната главнина.