Промена на начинот на тргување со некотираните хартии од вредност
петок, 16 април 2004
Почнувајќи од Понеделник, 19.04.2004 година, начинот на тргување со некотираните хартии од вредност, со кои се тргува на неофицијалниот пазар на Берзата, ќе се промени. Оваа промена се базира на одлуката на Одборот на директори на Берзата од 30.01.2004 година, а за истата е добиена согласност од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија со решение од 11.03.2004 година.
Основната карактеристика на новиот начин на тргување се состои во тоа што во фазата на фиксинг наместо еден круг на тргување со некотираните хартии од вредност во еден трговски ден, се воведуваат три круга на тргување, односно со некотираните хартии од вредност наместо еднаш дневно како досега (во 12:00 часот), во иднина ќе се склучуваат берзански трансакции три пати во денот (во 10:00, 11:00 и 12:00 часот). Со овие измени кои се подобрува транспарентноста при тргувањето со некотираните хартии од вредност, како и поефикасно формирање на пазарните цени.