Известување од Комерцијална банка АД Скопје
петок, 16 април 2004
Комерцијална банка АД Скопје ги известува акционерите-иматели на приоритетни и обични акции дека почнувајќи од 19 Април 2004 година ќе врши исплата на дивидендата за 2003 година.
Право на наплата на дивиденда за 2003 година имаат сите правни и физички лица-акционери на Комерцијална банка АД Скопје кои се евидентирани во книгата на акции на 9 Април 2004 година.
Исплатата на дивиденда за 2003 година на правните лица ќе се врши со пренос на средствата на нивните сметки.
На физичките лица кои имаат дадено овластување за пренос на дивидендата на тековна или денарска штедна книшка, Комерцијална банка АД Скопје ќе ја уплати дивидендата за 2003 година на назначената сметка.
Физичките лица кои не дале такво овластување, дивидендата за 2003 година ќе можат да ја подигнат во готово на благајните во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка АД Скопје низ Републиката, врз основа на документ за идентификација.