Прекин на тргувањето на сите пазари на Берзата
понеделник, 16 март 2020

Имајќи го предвид падот на индексот МБИ10 од  7,06 % , а согласно член 58а од Правилата за тргување, Ве известуваме дека Македонска берза во 10:25:45 часот го прекина тргувањето на сите пазари на Берзата во траење од 60 минути. За продолжувањето на тргувањето ќе бидете дополнително известени.