На 16.03.2009 година Комисијата за берзански индекс изврши редовна ревизија на индексот МБИД.
Согласно Методологијата за пресметување на индекс на јавно поседувани друштва - МБИД, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на МБИД ќе бидат обичните акции издадени од следните акционерски друштва:Македонскителеком АД Скопје, РадеКончар-Апаратнатехника АД Скопје, Фабрика за цевки 11 Октомври АД Куманово, ТутунскаБанка АД Скопје, ПОЛИ МЗТ АД Скопје, Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, Арцелормиттал Скопје (ХРМ) АД Скопје, Аутомакедонија АД Скопје, Идевелоп АД Скопје и Адинг АД Скопје.
Единаесетте избрани акции-елементи на МБИД сочинуваат околу 79% од вкупниот промет на Пазарот на јавно поседувани друштва во изминатиот квартал.
Следната редовна ревизија на МБИД е на 15.06.2009 година.
Редовна ревизија на индексот МБИД
понеделник, 16 март 2009