Почнувајќи од 05.03.2009 година, податоците од тргувањето со хартии од вредност на Македонската берза се достапни преку сервисот на BLOOMBERG PROFESSIONAL®, и тоа податоци од тргувањето во реално време, податоци кои се редистрибуираат со задоцнување, како и историски податоци од тргувањето. Bloomberg е лиценциран дистрибутер на податоци од тргувањето со хартии од вредност на Македонската берза и еден од водечките глобални дистрибутери на податоци, вести и анализи.
Податоци од тргувањето на Македонската берза достапни на Bloomberg
понеделник, 16 март 2009