Решение од КХВ за јавна опомена на брокерската куќа Тутунскаброкер АД Скопје
среда, 16 март 2005
Комисијата за хартии од вредност на седницата одржана на 11.03.2005 година донесе Решение за јавна опомена на брокерската куќа Тутунскаброкер АД Скопје, со следниот диспозитив:
„Врз основа на член 122 став 1 алинеја 3 а во врска со член 116, 119, 163 став 1 точка 1, 3, 4 и 7 и член 164а став 3 од Законот за хартии од вредност ("Службен Весник на РМ" бр. 63/00, 103/00, 34/01, 04/02, 37/02, 31/03, 85/03 и 96/04), Комисијата за хартии од вредност на седницата одржана на ден 11-03-2005 година едногласно донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Врз основа на сторени забранети работи со долгорочни хартии од вредност кај брокерската куќа "Тутунскаброкер" АД Скопје од член 116 став 1 алинеја 1 од Законот за хартии од вредност и од точка 5.29 и точка 5.30 од Правилата за работа на Македонската Берза АД Скопје при реализацијата на берзанските трансакции: ТНТН17010578674 реализирана на ден 17.01.2005 година и ТНТН31010579378 реализирана на ден 31.01.2005 година, со кои е вршена купопродажба на акции издадени од издавачот МЗТ Леарница АД Скопје:
1. ЈАВНО СЕ ОБЈАВУВА дека брокерската куќа "Тутунскаброкер" АД Скопје ги повредила правилата за работење со долгорочни хартии од вредност при реализацијата на берзанските трансакции ТНТН17010578674 и ТНТН31010579378 со акции издадени од акционерското друштво МЗТ Леарница од Скопје.
2. Објавата за повреда на правилата за работење со долгорочни
хартии од вредност од точка 1 на ова решение констатирани во работењето на брокерската куќа "Тутунскаброкер" АД Скопје ќе се изврши на веб страната на Комисијата за хартии од вредност, на веб страната на Македонската Берза АД Скопје и преку соопштението за јавност од седницата на Комисијата за хартии од вредност.
3. Се задолжува Македонската Берза АД Скопје по приемот на ова решение на веб страната на Македонската Берза АД Скопје да го објави диспозитивот на ова решение.
4. Ова решение влегува во сила со денот на неговото донесување и
истото ќе се објави во "Службен весник на Република Македонија".
5. Жалбата изјавена против ова решение не го одлага неговото
извршување.