Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 15.03.2005 година
среда, 16 март 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 15.03.2005 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 806 сопствени обични акции, и тоа:
o 29 акции по цена од 3.505 денари за една акција, преку 2 трансакции;
o 110 акции по цена од 3.600 денари за една акција, преку 2 трансакции;
o 50 акции по цена од 3.602 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 267 акции по цена од 3.748 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 31 акција по цена од 3.749 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 300 акции по цена од 3.797 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 19 акции по цена од 3.798 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 15.03.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- РЖ Економика АД Скопје - 22 обични акции;
- РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје - 23 обични акции;
- РЖ Техничка контрола АД Скопје - 9 обични акции;
- РЖ Услуги АД Скопје - 188 обични акции;
- РЖ Институт АД Скопје - 6 обични акции;
- Макстил АД Скопје - 512 обични акции.