Известување во врска со најавената промена на номиналната вредност на обичните акции на Комерцијална банка АД Скопје
среда, 16 март 2005
Имајќи го предвид известувањето од Комерцијална банка АД Скопје дека на седницата на Собранието закажана за 23.03.2005 година ќе се разгледува предлогот за измена на Статутот на Банката со кој се утврдува нова номинална вредност од 1.000 денари за една обична акција и ќе се врши замена на постојните обични акции во сооднос пет нови за една постојна обична акција, Ве известуваме за следното:
Доколку на седницата на Собранието на Комерцијална банка АД Скопје на 23.03.2005 година биде донесена ваква одлука, Македонската берза на 24.03.2005 година (четврток) ќе го запре тргувањето со обичните акции на Комерцијална банка АД Скопје (шифра на тргување КМБ), заради усогласување на податоците во системот на тргување со новонастанатата состојба.
Конечна информација за тоа дали со обичните акции на Комерцијална банка АД Скопје нема да се тргува на 24.03.2005 година ќе биде доставена до крајот на работниот ден на 23.03.2005 година.