На 16.02.2011 година Комерцијална банка АД Скопје објави известување дека хартиите од вредност од новата емисија се впишани во трговскиот регистар, со што е зголемен бројот на издадени акции од банката. Со новата емисија, бројот на акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје е зголемен за 13,15%. Имајќи предвид дека е настаната промена на бројот на издадените акции од компанија чии акции се вклучени во индексот од над 5%, согласно Методологијата за МБИ10, Комисијата за берзански индекс изврши вонредна ревизија на индексот МБИ10 со цел во пресметката на МБИ10 да биде вклучена и новоиздадената количина на акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје.
Имајќи го предвид ограничувањето на максималното влијание на секој елемент на индексот на 25%, Комисијата за берзански индекс според пазарната капитализација на издавачите на акциите-елементи на МБИ10 на 16.02.2011 година, изврши пресметка на уделот на секој елемент на индексот.
Датум на имплементација на извршената ревизија е 17.02.2011 година.