Продажба на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 15.02.2005 година
среда, 16 февруари 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 15.02.2005 година следните котирани друштва извршија продажба на сопствени акции:
- Алкалоид АД Скопје изврши продажба на 9.680 сопствени обични акции, по цена од 1.967 денари за една акција, преку 1 блок трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 15.02.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Гранит АД Скопје - 377 обични акции;
- Жито Струмица АД Струмица - 96 обични акции.