Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфер на акции на котирани друштва
понеделник, 16 декември 2019

Врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:

На 13.12.2019 година ОИЛКО КДА Скопје изврши откуп на 950 сопствени обични акции по цена од 6.000,00 денари за една акција, преку една системска блок трансакција;

На 13.12.2019 година Интерпромет АД Тетово изврши откуп на 4 сопствени обични акции по цена од 1.500,00 денари за една акција, преку една трансакција;

Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 13.12.2019 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва:
- Комерцијална АД Скопје – 6 обични акции
- Македонски Телеком АД Скопје – 700 обични акции
- Стопанска Банка АД Скопје – 120 приоритетни акции
- Алкалоид АД Скопје – 202 обични акции