На 16.12.2013 година Комисијата за берзански индекс изврши редовна ревизија на индексите МБИ10 и ОМБ. Согласно Методологијата за пресметување на индексот МБИ10, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на индексот МБИ10 ќе бидат обичните акции издадени од: Комерцијална банка АД Скопје, Гранит АД Скопје, Алкалоид АД Скопје, Реплек АД Скопје, Стопанска банка АД Битола, Макпетрол АД Скопје, Топлификација АД Скопје, Македонски Телеком АД Скопје, Македонијатурист АД Скопје и Фершпед АД Скопје.
Согласно Методологијата за пресметување на Индексот на обврзници на Македонската Берза ОМБ, Комисијата за берзански индекс определи дека следните обврзници ќе бидат елементи на ОМБ: Обврзниците за денационализација-Четврта емисија (RMDEN04), Обврзниците за денационализација-Петта емисија (RMDEN05), Обврзниците за денационализација-Шеста емисија (RMDEN06), Обврзниците за денационализација-Седма емисија (RMDEN07), Обврзниците за денационализација-Осма емисија (RMDEN08), Обврзниците за денационализација-Деветта емисија (RMDEN09), Обврзниците за денационализација-Десетта емисија (RMDEN10), Обврзниците за денационализација-Единаесетта емисија (RMDEN11) и Обврзниците за денационализација- Дванаесетта емисија (RMDEN12).
Датум на имплементација на извршената ревизија, односно датумот од кој ќе отпочне да се пресметуваат индексите по новиот состав е 30.12.2013 година. Следната редовна ревизија на МБИ10 и ОМБ е на 15.06.2014 година.
Редовна ревизија на МБИ10 и ОМБ
понеделник, 16 декември 2013