Согласно точка 6.03 од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 15.12.2008 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на:
-4 сопствени обични акции по цена од 3.700 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 15.12.2008 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- РЖ Економика АД Скопје – 29 oбични акции.
- РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје - 31 oбична акција