Откуп, продажба и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 15.12.2005
петок, 16 декември 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 15.12.2005 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 1.104 сопствени обични акции по цена од 36 денари за една акција, преку 5 трансакции;
На 15.12.2005 година Тетекс АД Тетово изврши продажба на 3.000 сопствени обични акции, по цена од 310 денари за една акција, преку 2 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 15.12.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Гранит АД Скопје – 104 обични акции,
-Алкалоид АД Скопје – 4.000 обични акции,
-Макпетрол АД Скопје - 30 обична акција.