Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 15.12.2004 година
четврток, 16 декември 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 15.12.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 300 сопствени обични акции, и тоа:
o 249 акции по цена од 1.900 денари за една акција, преку 10 трансакции;
o 51 акции по цена од 1.899 денари за една акција, преку 3 трансакции.
- Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на 180 сопствени обични акции, по цена од 2.835 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 15.12.2004 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- РЖ Економика АД Скопје – 26 обични акции;
- РЖ Институт АД Скопје – 7 обични акции;
- РЖ Техничка Контрола АД Скопје - 11 обични акции;
- РЖ Услуги АД Скопје – 220 обични акции;
- РЖ Интер Трансшпед АД Скопје – 27 обични акции;
- Макстил АД Скопје – 599 обични акции.