Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
петок, 16 ноември 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 15.11.2007 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 120 сопствени обични акции и тоа:
- 70 акции по цена од 8.000 денари за една акција, преку 2 трансакции;
- 50 акции по цена од 7.960 денари за една акција, преку една трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 15.11.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 16 обични акции;
- РЖ Услуги АД Скопје – 135 обични акции,
- РЖ Економика АД Скопје – 16 обични акции;
- КИБ АД Куманово– 120 обични акции;
- РЖ Институт-4 обични акции;
- ОХИС АД Скопје – 71 обична акција;
- Макстил АД Скопје – 366 обични акции.