Проект за информациско поврзување на берзите во Југоисточна Европа
четврток, 16 октомври 2003
Ве известуваме дека на na 16.10.2003 година, во просториите на Македонската берза АД Скопје се одржа Конференција за печат на која беше извршена презезентација на проектот за информациско поврзување на берзите во Југоисточна Европа (Љубљанска берза, Македонска берза, Бањалучка берза, Сараевска берза, Белградска берза, NEX-Подгорица и Вараждинска берза). На презентацијата учествуваше и претставник од Љубљанската берза како главен координатор на овој проект.