Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 15.01.2007
вторник, 16 јануари 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 15.01.2007 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на 40 сопствени обични акции по цена од 7.000 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 15.01.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Макпетрол АД Скопје – 80 обични акции,
- ТТК банка АД Скопје – 5 обични акции,
- Бетон АД Скопје – 32 обични акции.