Алкалоид АД Скопје избран за најтранспарентно котирано друштво
петок, 16 јануари 2004
Согласно критериумите:
- коректност во известувањето,
- редовно дистрибуирање и овозможување лесен пристап до информации,
- активност и отвореност на политика на информирање на друштвото,
- подготвеност за соработка со јавноста и Берзата,
- квалитет на WEB страната и
- ревидирани годишни извештаи,
за најтранспарентно котирано друштво на Македонската Берза во 2003 година беше избрано Алкалоид АД Скопје.