Редовна ревизија на МБИД
среда, 15 септември 2010
На 15.09.2010 година Комисијата за берзански индекс изврши редовна ревизија на индексот МБИД.
Согласно Методологијата за пресметување на индексот МБИД, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на МБИД ќе бидат обичните акции издадени од следниве акционерски друштва: Тутунска банка АД Скопје, Македонски  телеком АД Скопје, Фабрика за цевки 11 Октомври АД Куманово, Стопанска банка АД Скопје, Арцелормиттал Скопје (ХРМ) АД Скопје, Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) АД Скопје, Прилепска пиварница АД Прилеп, ОКТА АД Скопје и Раде Кончар АД Скопје.
Деветте избрани акции – елементи на МБИД сочинуваат над 85% од вкупниот промет на Пазарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување во изминатиот квартал.
Следната ревизија на МБИД е на 15.12.2010 година.