На 15.09.2009 година Комисијата за берзански индекс изврши редовна ревизија на индексот МБИД.
Согласно Методологијата за пресметување на индексот МБИД, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на МБИД ќе бидат обичните акции издадени од следниве акционерски друштва: Тутунска банка АД Скопје, Македонски телеком АД Скопје, Фабрика за цевки 11 Октомври АД Куманово, Стопанска банка АД Скопје, ПОЛИ МЗТ АД Скопје, Арцелормиттал Скопје (ХРМ) АД Скопје, Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) АД Скопје, Прилепска пиварница АД Прилеп, ОКТА АД Скопје, Раде Кончар АД Скопје и Попова Кула АД Демир Капија.
Единаесетте избрани акции – елементи на МБИД сочинуваат над 95% од вкупниот промет на Пазарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување во изминатиот квартал.
Следната ревизија на МБИД е на 15.12.2009 година.
Ревизија на индексот МБИД
вторник, 15 септември 2009