Согласно точка 6.03 од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 12.09.2008 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 27 сопствени обични акции по цена од 5.150 денари за една акција, преку 3 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 12.09.2008 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- ТТК банка АД Скопје – 2 oбични акции,
- Скопски Пазар АД Скопје – 604 приоритетни акции.
Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
понеделник, 15 септември 2008