Акциите на осум друштва исклучени од котација од 17.09.2004
среда, 15 септември 2004
Одборот на директори на Македонската Берза на седницата одржана на 15.09.2004 година, согласно точка 9.06 од Правилникот за котација на хартии од вредност на Македонската Берза, донесе Одлуки за исклучување од котација на акциите на:
- Агросервис Автокуќа АД Скопје,
- Тајмиште АД Кичево,
- РЖ КПОР АД Скопје,
- Винарска визба Повардарие АД Неготино,
- Металец Битола АД Битола,
- Рудници Бањани АД Скопје,
- Алгрета АД Ресен и
- Патнички сообраќај Транскоп АД Битола.
Акциите на овие друштва ќе бидат исклучени од котација од 17.09.2004 година. Од 20.09.2004 година со акциите на Агросервис Автокуќа АД Скопје, Тајмиште АД Кичево, РЖ КПОР АД Скопје, Винарска визба Повардарие АД Неготино, Металец Битола АД Битола, Рудници Бањани АД Скопје, Алгрета АД Ресен и Патнички сообраќај Транскоп АД Битола ќе може да се тргува на неофицијалниот пазар на Берзата.