Цертификат за доделен патент на Алкалоид АД Скопје
понеделник, 15 септември 2003
Американскиот завод за патенти и жигови издаде Цертификат за доделен патент за пронајдокот SUBLINGUAL ORAL DOSAGE FORM.
Пронајдокот се однесува на една фармацевтска орална дозна форма, фармацевтска формулација за давање морфинова сол, посебно морфин сулфат.
За сопственикот, патентот обезбедува ексклузивно право на користење на пронајдокот со важност до 21-ви Јануари 2020 година и право да ги исклучи другите од изработување, употреба, понуда за продажба или продажба преку УСА или увоз на пронајдокот во УСА.