Врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 14.08.2019 година ОИЛКО КДА Скопје изврши откуп на 2.200 сопствени обични акции по цена од 4.800,00 денари за една акција, преку една администраторска блок трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 14.08.2019 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва:
- Алкалоид АД Скопје – 39 обични акции
- Дебарски Бањи АД Дебар – 31 обични акции
- РЖ Институт АД Скопје – 80 обични акции