Ве известуваме дека на ден 15.07.2024 година, Берзата изврши бришење на издавачот Реплек АД Скопје од Листата за набљудување што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што е завршена постапката за поделба на обичните акции и намалување на номиналниот износ на акциите и за измена и дополнување на Статутот на друштвото.
Реплек АД Скопје беше внесено на Листата на набљудување на 07.05.2024 година, согласно 61-а од Правилата за котација, поради усвоените одлуки за поделба на обичните акции и намалување на номиналниот износ на акциите и за измена и дополнување на Статутот на друштвото, донесени од Собранието на акционери на друштвото одржано на 25.04.2024 година, а до престанување на постоењето на предметните околности, односно до спроведување на промените назначени во одлуките.