Редовна ревизија на индексите МБИ10 и ОМБ
понеделник, 15 јуни 2026

Согласно Методологијата за пресметување на индексот МБИ10, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на индексот МБИ10 ќе бидат обичните акции издадени од: Комерцијална банка АД Скопје, Гранит АД Скопје, Алкалоид АД Скопје, Макпетрол АД Скопје, УНИ Банка АД Скопје, Македонски Телеком АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје и Реплек АД Скопје.

Согласно Методологијата за пресметување на Индексот на обврзници на Македонската Берза ОМБ, Комисијата за берзански индекс определи дека следните обврзници ќе бидат елементи на ОМБ: Обврзниците за денационализација-Шеснаесетта емисија (RMDEN16), Обврзниците за денационализација-Седумнаесетта емисија (RMDEN17), Обврзниците за денационализација-Осумнаесетта емисија (RMDEN18), Обврзниците за денационализација-Деветнаесетта емисија (RMDEN19), Обврзниците за денационализација-Дваесетта емисија (RMDEN20), Обврзниците за денационализација-Дваесет и прва емисија (RMDEN21), Обврзниците за денационализација-Дваесет и втора емисија (RMDEN22), Обврзниците за денационализација-Дваесет и трета емисија (RMDEN23) и Обврзниците за денационализација-Дваесет и четврта емисија (RMDEN24).

Датум на имплементација на извршената ревизија, односно датумот од кој ќе отпочне да се пресметуваат индексите по новиот состав е 30.06.2026 година.

Следната редовна ревизија на индексите е на 15.12.2026 година.