Котација на Пекабеско АД Кадино, Илинден на подсегментот Задолжителна котација
понеделник, 15 јуни 2015
Согласно донесената Одлука за прием на котација од страна на Одборот на директори на Берзата и Договорот за котација кој беше потпишан помеѓу Берзата и издавачот, Ве известуваме дека почнувајќи од 18.06.2015 година на Официјалниот пазар на Берзата, на подсегментот Задолжителна котација ќе бидат котирани акциите издадени од Пекабеско АД Кадино, Илинден.