На 15.06.2009 година Комисијата за берзански индекс изврши редовна ревизија на индексот МБИ10 и на индексот МБИД.
Согласно Методологијата за пресметување на МБИ10, Комисијата за берзански индекс констатираше дека елементи на индексот МБИ10 ќе бидат обичните акции издадени од: Комерцијална банка АД Скопје, Гранит АД Скопје, Алкалоид АД Скопје, Макстил АД Скопје, Стопанска банка АД Битола, Макпетрол АД Скопје, Топлификација АД Скопје, Бетон АД Скопје, Реплек АД Скопје и ЗК Пелагонија АД Битола. Следната редовна ревизија на МБИ10 е на 15.12.2009 година.
Согласно Методологијата за пресметување на индекс на јавно поседувани друштва - МБИД, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на МБИД ќе бидат обичните акции издадени од следните акционерски друштва: Тутунска Банка АД Скопје, Македонски телеком АД Скопје, Фабрика за цевки 11 Октомври АД Куманово, Стопанска банка АД Скопје, ПОЛИ МЗТ АД Скопје, Арцелормиттал Скопје (ХРМ) АД Скопје, Прилепска пиварница АД Прилеп, OKTA АД Скопје, Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) АД Скопје и Идевелоп АД Скопје.
Десетте избрани акции-елементи на МБИД сочинуваат над 94% од вкупниот промет на Пазарот на јавно поседувани друштва во изминатиот квартал.
Следната редовна ревизија на МБИД е на 15.09.2009 година.
Редовна ревизија на МБИ10 и МБИД
понеделник, 15 јуни 2009