Редовна ревизија на МБИ-10
четврток, 15 јуни 2006
Согласно Методологијата за пресметување на Македонскиот Берзански Индекс МБИ-10, Комисијата за берзански индекс на 15.06.2006 година изврши редовна ревизија на МБИ-10.
Комисијата установи дека според критериумите во Методологијата, обичните акции на Европа АД Скопје престануваат да бидат елемент на МБИ-10, додека како нов елемент на МБИ-10 се вклучуваат обичните акции на ЗК Пелагонија АД Битола. Со тоа, после извршената ревизија, елементи на МБИ-10 се обичните акции на следните 10 котирани друштва: Алкалоид АД Скопје, Топлификација АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, Макпетрол АД Скопје, Стопанска банка АД Битола, Гранит АД Скопје, Македонијатурист АД Скопје, Охридска банка АД Охрид, Фершпед АД Скопје и ЗК Пелагонија АД Битола.
Следната редовна ревизија на МБИ-10 ќе се изврши на 15.12.2006 година.