На завршната јавна расправа се одржаа две презентации: една од страна на Македонската берза АД Скопје во врска со поврзаноста на Кодексот на Корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза АД Скопје со законот за трговски друштва, и една од страна на Г-ѓа Лидија Кљајик претставник од Подравка од Копривница, Р. Хрватска во врска со предностите од воведување на корпоративно управување во работењето на акционерското друштво Подравка. На завршната јавна расправа земаа учество и претставници на котираните компании.
До крајот на Јуни 2006 година, Одборот на директори на Македонската берза ќе го усвои Кодексот за корпоративно управување на Македонската берза АД Скопје и истиот ќе стапи во сила од 01 Јануари 2007 година.
До работната верзија на Кодексот за корпоративно управување на Македонската берза АД Скопје може да се пристапи преку интернет-страница на Македонската берза или директно преку линкот