Ревидиран извештај за 2003 година на Тетекс-Кредитна банка АД Скопје
вторник, 15 јуни 2004
Тетекс-Кредитна банка АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Банката за 2003 година остварило добивка во износ од 27.973.000 денари. Вкупната актива на Тетекс-Кредитна банка АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 1.017.437.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 458.331.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Тетекс-Кредитна банка АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.