Ревидиран извештај за 2003 година на РЖ Техничка контрола АД Скопје
вторник, 15 јуни 2004
РЖ Техничка контрола АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило добивка во износ од 5.841.907 денари. Вкупната актива на РЖ Техничка контрола АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 123.644.823 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 22.773.733 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на РЖ Техничка контрола АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.