ПРЕСМЕТКА НА БАЗНА ЦЕНА
вторник, 15 мај 2007
На Седницата на Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје одржана на 14.05.2007 година, во врска со Одлуката за утврдување на ценовни ограничувања при тргувањето со хартии од вредност на Македонската берза АД Скопје од 28.03.2007 година, согледувајќи ги состојбите на пазарот на хартии од вредност во последната недела и количините на хартии од вредност што дневно се тргувале во изминатиот период, Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје одлучи, при пресметката на т.н. базна цена во иднина да се зема предвид просечната дневна количина на истргувани хартии од вредност во период од последните 5 трговски денови, наместо досегашните 20 трговски денови.
Оваа Одлука ќе почне да се применува од утре, 16.05.2007 година.
Воедно, од денес 15.05.2007 година, во сите дневни листи кои се објавуваат на интернет страницата на Македонска берза АД Скопје и во медиумите, ќе биде прикажана и базната цена за хартиите од вредност врз основа на која на следниот трговски ден ќе се пресметуваат дозволените ценовни ограничувања од +/- 10%.