Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 14.05.2007
вторник, 15 мај 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 14.05.2007 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 11 сопствени обични акции по цена од 7.299 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 14.05.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-РЖ Институт АД Скопје – 7 обични акции,
-РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 28 обични акции,
-РЖ Економика АД Скопје – 27 обични акции,
-Макстил АД Скопје – 632 обични акции,
-Технометал Вардар АД Скопје – 39 обични акции,
-Тутунски комбинат АД Прилеп – 98 обични акции,
-Комерцијална банка АД Скопје – 3 приоритетни акции,
-Макотекс АД Скопје – 17 обични акции,
-Тетекс АД Тетово – 156 обични акции,
-РЖ Услуги АД Скопје – 232 обични акции,
-ВВ Тиквеш АД Скопје – 71 обични акции.